Коалицијата за слободни и чесни избори „Под лупа“ евидентираше продажба на места во избирачките одбори во 18 општини во БиХ, 51 случај на употреба на јавни ресурси во изборната кампања и 118 случаи на купување гласови во замена за храна, пијалоци или други подароци.
Невладината организација во 12 случаи добила приговори за ширење на омраза и дискриминација, пренесе регионалната телевизија Н1.
„Под лупа“ има вкупно 2.500 набљудувачи кои покриваат повеќе од половина од избирачките места во БиХ.