Избирачките места во Франција се затворени, пристигнаа резултатите од излезните анкети. Емануел Макрон е во водство со 28,1 отсто, Марин Ле Пен има 23,3 отсто, а Мелешон е на трето место со 20,1 отсто.
Сега е јасно дека Франција ќе оди во вториот круг на избори во кој најверојатно ќе се соочат Макрон и Ле Пен.
Околу 48,7 милиони регистрирани гласачи можеа да гласаат од 8 до 19 или 20 часот, кога гласачките места беа затворени во поголемите градови. Поради временската разлика во некои француски прекуморски територии, како што се Карибите, гласањето се одржа во сабота.
Макрон се надева на втор мандат, а најголем противкандидат и во анкетите пред изборите му беше Марин Ле Пен. Левичарскиот популист Жан-Лук Меланшон, исто така, се надева дека ќе влезе во вториот круг од изборите на 24 април.
Во првиот круг учествуваа вкупно 12 кандидати.
До 17 часот излезноста беше 65 отсто, што е за 4,4 процентни поени помала од 2017 година.
Белгиските и швајцарските медиуми ги објавија резултатите од излезните анкети во Франција и според нив во вториот круг влегуваат Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Тоа што е интересно, е што Макрон и Ле Пен се изедначени, и двајцата со по 24 проценти освоени гласови. Жан-Лук Меланшон, пак, кој се надеваше на втор круг, освои 19 отсто од гласовите, додека Ерик Земур има само осум отсто.
Резултатите од излезните анкети се објавени само во Белгија и Швајцарија, бидејќи во Франција тоа би значело нарушување на изборниот молк.
Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати.
Француската изборна кампања беше во сенка на војната во Украина. Речиси ниту една порака во кампањата не одекна меѓу гласачите, а многу кандидати беа сфатени како слаби, што го зголемува стравот од слаб одѕив на гласачите.
Според последните истражувања, до 30 отсто од граѓаните би можеле да се воздржат од гласање.
Францускиот претседател има далекусежни овластувања и има мандат од пет години. Тој е помоќен од премиерот што го назначува и има одлучувачко влијание врз судбината на државата.
Исходот од изборите, исто така, е важен за Европа во целина.
Макрон се смета за далеку полесен и посигурен партнер од Ле Пен или Меланшон, со кои е тешко да се замисли блиска соработка поради нивните понекогаш радикални ставови.