Маж од турско потекло се обидел вчера во Виена со својот автомобил да прегази пешаци.
Тој, извикувајќи низ прозорецот „Алаху акбар“, влегол на плоштадот каде возел дирекно кон луѓето. За среќа нема загинати.
Четири патроли на полицијата успеале да го запрат разулавениот возач, пренесуваат австриските медиуми.
Овој инцидент потсетува на оној од пред повеќе од една година што го предизвика Ален Ризвановиќ од Грац,
кој вчера беше осуден на доживотен затвор.
Ризвановиќ тогаш со својот џип во центарот на Грац уби три, а потешко повреди 50 лица.