Оваа сезона, за разлика од претходната, нема да гледаме мадридско финале во Лигата на шампиони. Ждрепката одлучи во полуфиналето Реал и Атлетико да играат еден против друг, па оттука еден од овие два клуба ќе испадне.
Во Шпанија со најголемо внимание го следеа излекувањето и се сомневаат дека тоа е наместено.
Топчињата ги извлекуваше Јан Раш, некогашен фудбалер, а првото кое го извлече беше она со името на Реал Мадрид. Интересно, тоа топче го извлече веднаш без какво и да е мешање.
А потоа следат потезите кои Шпанците ги натера да помислат дека УЕФА не сака повторно шпанско финале.
Раш ја стави раката меѓу топчињата, кратко го допре секое од нив и тогаш го извлече она со името на градскиот ривал на Реал, Атлетико.
https://www.youtube.com/watch?v=EzggTRgb8c8&feature=youtu.be
Во Шпанија се споменуваат топли и ладни топчиња, приказна до која се стасува после речиси секое извлекување за поголемо натпреварување.
Неодамна поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер откри како во УЕФА со такви методи се местеле противници, а сега Шпанците се уверени дека највисоката европска фудбалска организација работи против нивните клубови.
Во второто полуфинале се среќаваат Јувентус и Монако.
Првите полуфинални натпревари се на 2 и 3 мај, а реванш средбите се закажани за една недела потоа.