„Околу 6 часот утрово изгаснат е големиот пожар кој избувна вчера попладне во месноста Ташли Баир над селото Едрениково, во општина Василево“, информираше командирот на Територијална противпожарна единица на Струмица, Александар Гудев.
„Синоќа околу 23 часот пожарот беше ставен под контрола и во текот на ноќта и во раните утрински часови успеавме да го изгаснеме“, рече Гудев.
Во гаснењето на пожарот учествуваа шест противпожарни возила и 25 пожарникари.
Синоќа пожарот се префрли кон населеното место Владевци и се доближи на неколку стотина метри до магистралниот пат Струмица-Радовиш.
Чадот од пожарот можеше да се забележи од Струмица и околните места, а според досегашните информации изгореа сува трева и ниско стеблеста шума на голема површина.