Италијанскиот Сенат вчеравечер и изгласа доверба на новата влада на премиерот Паоло Џентилони, што му отвори пат на неговиот кабинет да ја води земјата до изборите во февруари 2018 година.
Сто шеесет и девет пратеници гласаа за доверба на владата, а 99 беа против.
Долниот дом на италијанскиот парламент изгласа доверба, и покрај критиките на опозицијата дека неговиот кабинет и агендата се истоветни како кај претходникот Матео Ренци.
Џентилони денес ќе учествува на самитот на Европската унија, на првиот голем меѓународен собир во својство на премиер.
Новиот премиер наведе дека неговите приоритети се поттикнување на економскиот раст на југот на Италија, обнова на централниот дел на земјата после разорниот земјотрес и изработка на нов изборен закон.
Поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци, поднесе оставка на 7 декември откако Италијанците на референдумот убедливо ги отфрлија уставните реформи кои ги предложи неговата влада.