Со колективна изложба на креативни дела „И ние сме како други“ во холот на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово се претставија деца и ученици со посебни потреби.
Делата се создадени за време на пригодни работилници во склоп на проектните активности на Здружението „Златна рака“ од Тетово.
„Се одржале вкупно шест креативни реаботилници. На двете во ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“ учествуваат 11 деца. Две работилници имаше во ОУ „Лирија“ со учество на 34 деца и на двете во Дневен центар за деца со ментална или телесна попреченост имаше 25 деца. Целта на проектот е подигање на свеста кај семејствата на лицата со посебни потреби, во средината каде тие живеат и кај институциите на системот, за да им се
овозможи поголемо учество во креативниот дел од општеството“, изјави Гзиме Хајредини, претседателка на „Златна рака“.
Сите активности ќе бидат изложени и во соодветна брошура.