Во знак на солидарност со Израел сино-бело знаме се завиори на службените згради на Австрија, Словенија и Чешка.
Израелско знаме е подигнато на зградата на австриската влада и на Министерството за надворешни работи во Виена.
„Најостро ги осудувам нападите врз Израел од Појасот Газа, кои траат веќе со денови. Израел има право на самоодбрана. Како знак на нашата полна солидарност со граѓаните на Израел кои секојдневно мораат да одат во засолништа, го подигнавме израелското знаме“, објасни австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Словенечката влада објави на Твитер дека покрај словенечкото и европското, пред владата го развиориле и израелското знаме, во знак на солидарност со таа земја, објави агенцијата СТА.
„Ги осудуваме терористичките напади и стоиме на страната на Израел“, напишаа.
Израелско знаме е подигнато и пред Прашкиот дворец, резиденцијата на чешкиот претседател Милош Земан.