Освен во Крушево, на Мечкин Камен, во Пелинце, Скопје и Смилево, каде беа организирани официјалните чествувања, Илинден се одбележува и во Охрид, Струмица, Тетово, Крива Паланка, Делчево,..
Големиот национален празник го слави и дијаспората.
Делегации на Владата, Собранието, Кабинетот на претседателот на државата и политички партии положија цвеќе пред почивалиштата и спомениците на паднатите борци од двата Илиндена, оддавајќи им почит.
Иако упатена од различни места, заедничка беше пораката на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, дека е време за внатрешно помирување и дека сите сме деца на Илинден.
Имаме една, заедничка земја и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија.
Тоа е долг кон сите што се бореа за нашата независна и автономна Република,
истакнаа Заев, Пендаровски и Џафери.