Кривата на принос на американските обврзници и понатаму е силно превртена, во средата разликата во приносот на двегодишните и десетгодишните обврзници изнесуваше 85,2 поени.
Пазарите на обврзници значително закрепнаа во ноември, барем во Америка, при што просечните цени на обврзниците се зголемија за 3,7 отсто, што беше најдобриот месец од декември 2008 година.
Како резултат на тоа, потребниот принос на 10-годишната обврзница падна од 4,10 на 3,68 отсто. Меѓутоа, ова нема да може значително да ја подобри навистина лошата година на пазарите на обврзници. Се укажува дека овогодинешните приноси и на акциите и на обврзниците ќе бидат негативни, што (и за двете инвестициски класи истовремено) не се случило од 1969 година.
Превирањата на берзите најмногу го погодија технолошкиот сектор, па не е изненадување што Илон Маск ја загуби титулата најбогат човек во светот.
Според магазинот „Форбс“, поради падот на акциите на „Тесла“, неговиот имот се намали за повеќе од 100 милијарди долари, па на листата на најбогати, барем привремено, на врвот се најде Французинот Бернар Арнаулт, кој со семејството и Компанијата „ЛВМХ“ (LVMH) го разгалува пазарот со луксузни производи од брендовите „Кристијан Диор“, „Луис Витон“…