Досегашниот претстедател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран на оваа функција.
На редовното изборно собрание, Ѓорѓиоски со 91 глас доби нов четиригодишен мандат до 2021 година да го предводи македонскиот фудбал.
Среќен сум што имаме силна федерација, добра структура и одлични односи во соработката со УЕФА и ФИФА, Илчо Ѓорѓиоски
Ѓорѓиоски за претседател на ФФМ за првпат беше избран во 2012 година, кога го наследи Харалампие Хаџи Ристески.
„Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на нашиот фудбал, рече во обраќањето пред делегатите, старо новиот претседател на ФФМ“, Ѓорѓиоски.
ФФМ на Собранието ги избра и членовите на Управниот одбор: Златко Талевски, Лазар Аџиев, Светозар Станковски, Борче Лазаревски, Добре Иванов, Муамет Зејдини, Саљим Абдили, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Марјанчо Стојкоски, Џеват Ибрани, Дејан Димовски, Димитар Џоров и Арѓент Беќири.