– Во државата вкупно се аплицирани 315 781 доза вакцини, а ревакцинирани се 81 273 граѓани. Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 47 отсто од населението над 70 години и 41 отсто над 65 години.
– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 431 770 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со сабота, 29 мај 2021, вакцинирани се вкупно 234 508 граѓани. Прва доза вакцина во саботата примиле 597 граѓани, вкупно се вакцинирале 10 792 граѓани, информира Министерството за здравство.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура, лица со ретки болести и хронично болни. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата – во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.