Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на инаугуративен настан на Претседателскиот центар за политичко образование.
Подоцна ќе се одржи и дебата на тема: „Иднината на демократијата–младите во политиката и општеството“, на која ќе учествуваат млади луѓе од граѓанскиот сектор.
Како што информираат од претседателскиот кабинет, инаугурацијата ќе се емитува во живо на официјалната фејсбук страна на претседателот.