Силите за безбедност во Индија донесоа одлука да му ги потсечат крилата на гулаб „осомничен за шпионажа“. Птицата, според полициските соопштенија, која долетала од Пакистан е казнета за да не може да се врати назад.
Индиските граничари сивиот гулаб го „уапсија“ минатата недела, на 2 октомври, откако, наводно, на неговата нога нашле писмо со заканувачка порака, напишано на Урду јазикот, и адресирано до премиерот на Индија, Нарендар Моди.
„Моди, не сме ист народ од 1971 година. Сега секое дете е подготвено да се бори“, пишувало во пораката.
Пердувестиот „осомничен шпион“ е фатен и сместен во кафез, откако слетал во индиското погранично село Бамиал, а полицијата во Панџаб пресуди да му се скратат крилата.
Тензиите меѓу Индија и Пакистан се големи и многу заканувачки пораки се разменети во последно време.
Ова не е „прв напад со гулаб“. Кон крајот на септемвриво истата индиска регија, во државата Пенџаб, исто така гулаб донесе порака со слична заканувачка содржина за властите.
Интересно е тоа дека се развиле методите на напади. Прво, пораките биле испраќани врзани за балони, а сега на Урду јазикот се испраќаат преку гулаби.