Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година, тврди инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести.
Тој изјави денеска дека враќање на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на 2021 година.
Фаучи кажа дека дотогаш е неопходно стриктно почитување на пропишаните мерки како што се заштитна маска, физичка дистанца, избегнување собири и повеќе престојување на отворено.
– Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светската популација за да се запре ширењето на вирусот, потенцираше Фаучи.
Вели до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина.
Мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.
Во светот сега има 32 милиони заразени со коронавирусот.
САД, Индија и Бразил имаат најмногу инфицирани.