Авион на нискобуџетската авиокомпанија „Флај Дубаи“ се судри рано утринава со авион на компанијата „Галф ер“ сос едиште во Бахреин, на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи. Повредени во инцидентот нема.
„Флај Дубаи“ соопшти дека неговиот „Боинг 737-800 с“, кој требало да лета за Киргистан, е оштетен во „мал инцидент“ и дека бил принуден да се врати на стартна позиција.
Како што се наведува во соопштението, патниците отпатувале шест часа подоцна со друг лет, пренесува АП.
Компанијата истакнува дека ќе соработува со властите во истрагата за инцидентот.
„Галф ер“ од друга страна соопшти дека авион на друга компанија удрил еден од нивните авиони во опашката. „Галф ер“ превезува патници од Дубаи до Меѓународниот аеродром „Бахреин“, во Манама.
Од Меѓународниот аеродром во Дубаи соопштија дека, заради судар, една од неговите писти била затворена два часа, но дека редот на летање не бил попречен.