Шпански хелихоптер удри денеска во далновод во тек на воена вежба во Словенија, објави словенечката војска.
Никој не е повреден во инцидентот до кој дошло кога „еврокоптер тајгер“ удри во далновод меѓу Сеново и Брестаница.
Причините за случајов не се познати. Во тек е истрага за тоа.
Екипажот на хелихоптерот, кој успеал да го приземји леталото учествувал во НАТО воената вежба „Јадрански удар“.
„Пилотот и копилотот не се повредени, а на леталото е настаната само мала материјална штета“, информираа од војската.
Словенечките медиуми наведуваат дека Кршко и околината заради инцидентот на воената вежба извесно време останаа без струја.