Министерот за економија на Германија Петер Алтмаер падна од бината на „Дигиталниот самит“ во Дортмунд после што е пренесен во болница и задржан на лекување.
Тој, како што пренесуваат германските медиуми, после излагањето, паднал од бината директно на лице.
Алтмаер, како што покажуваат видео снимките, при симнувањето од бината ги промашил скалите.
Медиумите информираат дека Алтмаер после падот кратко време останал без свест.
Организаторите на собирот, после оваа несреќа, ја испразниле салата во која се одржувала манифестацијата, а лекарите од Итната медицинска помош го прегледале министерот и заради сериозноста на повредите го однеле во болница.
Соопштено е дека Алтмаер во свесна состојба бил префрлен во Клинички центар, каде што им се заблагодарил на лекарите за укажаната помош.
Собирот продолжил со претставување на проекти на европската платформа на податоци без присуство на министерот, меѓутоа планираната прес конференција на која тој требало да учествува е откажана.
„Дигиталниот самит“ претставува централна платформа за соработка на политиката, економијата, науката и општеството со цел за обликување на дигиталните промени.
Алтмаер на собирот требаше да ги претстави плановите на неговото министерство во врска со европските „клауд мрежи“.