После Словачка и три прибалтички републики се солидаризираа со Чешка и одлучија да ги протераат руските дипломати.
Така, Литванија наложи два члена на рускиот дипломатски тим во оваа земја да мораат да ја напуштат, како што соопшти министерот за надворешни работи Габриелус Ландсбергис.
А, пак, летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевичис, информираше дека вчера, заради „солидарност со сојузничка Чешка“, Летонија протерува еден руски дипломат.
И Естонија одлучи да покаже исто таква солидарност така што и таа протера руски дипломат.
Во Летонија велат дека својата одлука ја донеле по консултациите со сојузниците.
Пред тоа, раководството на Чешка ги повика сите членки на НАТО и Европската унија да покажат солидарност кон нив и да покажат солидарност на тој начин што ќе протераат руски дипломати.
Од Министерството за надворешни работи на Русија вчера попладне изјавија дека трите балтички држави, инаку поранешни руски републики, не треба воопшто да се сомневаат дека Москва ќе одговори со иста мерка на протерувањето дипломати.
Чесите сепак одлучија, веројатно поради бројните руски туристи од кои имаат економска корист, бројот на вработени во конзулатите во Москва и Прага да остане ист. Двете земји ќе имаат по 32 соработници на работа во кунзуларните преставништва.
Русите до вторникот во амбасадата во Прага имаа 27 дипломати и67 технички соработници (без дипломатски статус).
На другата страна, Чесите во Москва имаа пет дипломати и 19 технички лица.
Лидерот на „малата опозиција“, Алексеј Навални, којшто се наоѓа во затвор во Владимирската област, и чие затварање е причината за „дисциплинирање“ на Русија од страна на Западот, соопшти дека престанува со штрајк со глад. Нему лекарите му сугерирале да се откаже затоа што поради влошеното здравје е префрлен во болница.
Навални и понатаму бара да му го испратат неговиот лекар од Москва.
Тој се жали дека го губи чувството во рацете и нозете па затоа бара да дојдат да го прегледаат и невролози од Москва.
Претставници на власта тврдат дека Навални ја добива потребната медицинска терапија и дека неговото здравје не е загрозено. Навални на 20 април го прегледаа четири лекари специјалисти. Тие оценија дека состојбата му е задоволителна, а оттогаш навака секој ден го прегледува лекар од општа пракса.