Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Италија со 3:2, со гол во последните минути од средбата. Некогашниот светски и европски првак среќно стаса до трите бода, во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
По три одиграни средби, Македонија нема ниту еден освоен бод.
„Црвено-жолтите“ одиграа храбро против големиот ривал, но на крајот беа поразени.
Чиро Имобиле беше херојот на „аѕурите“. Имобиле постигна два гола во последните 15 минути и негативата од 2:1, ја претвори во водство од 3:2.
На полувремето Италија имаше предност со погодокот на Андреа Белоти во 24 минута. Илија Несторовски во 57 минута изедначи на 1:1, а Ферхан Хасани беше прецизен и Македонија поведе со 2:1.