Додека производителите на автомобили развиваат автономни системи кои му овозможуваат на возилото, наместо возачот, да пронајде слободно место на паркинг или во јавна гаража и самостојно да се паркира, една кинеска компанија одлучи оваа работа да им ја довери на роботи.
Потрагата по слободно паркинг-место во големите гаражи и на отворените паркиралишта може да потрае, а возачот притоа да изгуби драгоцено време.
Кинеската електронска компанија „Хиквисион“ разви систем на роботизирано паркирање кој му овозможува на возачот процесот на паркирањето да им го препушти на машини.
Веднаш откако ќе влезе во јавна гаража, сопственикот на автомобилот го остава своето возило на таканаречено приемно паркинг – место, од каде што го превземаат специјализирани мобилни роботски платформи чија работа е да го префрлат возилото до првото слободно место.
Истата постапка но во обратна насока се одвива кога возачот ќе дојде по својот автомобил.