Полициски службеници на СВР Битола денеска во период од 08:00 до 12:00 часот спроведоа акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 59 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Оттаму најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.