Канада ќе прими и пресели 5.000 авганистански бегалци кои од Соединетите Американски Држави се евакуирани после повлекувањето на последните трупи по речиси две децении војна, соопшти денеска министерот за миграции, Марко Мендичино.
„Работиме на сите можности да примиме што поголем број Авганистанци кои сакаат да дојдат во Канада“, рече министерот Мендичино.
Тој истакна дека во текот на викендот, Канада и нејзините сојузници добиле уверување од Талибанците дека на авганистанските граѓани, кои имаат одобрување за патување, ќе им биде дозволено безбедно да го напуштат Авганистан.
(Фото: АП)