Судијката Добрила Кацарска на почетокот на денешното судско рочиште за “27 април” ги предупреди обвинетите да не им се јавуваат на сведоците и да не им се закануваат.
„Обвинетите да престанат да ги малтретираат сведоците. Да престанат да им се јавуваат, да бараат средби со нив, да им се закануваат, ги предупреди судијката Кацарска.
Таа не прецизираше кој од обвинетите се заканувал.
На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието ќе сведочат четворица сведоци кои се вработени во МВР.