Кајли Џенер, благодарение на својот бренд „Кајли козметика“, чија вредност сега е 800 милиони долари, на патот е да стане најмлада милионерка која сама ги заработила парите, наведува Форбс.
Џенер се најде на насловната страница на последниот број на американскиот бизнис магазин кој истакнува дека таа во текот на последните три години заработила 630 милиони долари од својот бренд, од тоа 330 ги заработила во 2017-та.
Кога ќе се вклучат и партнерствата со Пума и Пак Сан, компанијата на Џенер вреди 900 милиони долари.
Она што е спорно во приказната за Џенер Кајли, не е вредноста на нејзиното богатство, туку прашањето колку таа може да ја понесе титулата за некоја која сама ги заработила парите, со оглед на тоа дека потекнува од исклучително богато семејство, што технички не и дава можност да се квалификува како лице кое тргнало од нула.
Од тие причини овој потег на Форбс наиде на негативни реакции во јавноста.
„Да се родиш како привилегиран и да го искористиш тоа како почеток. Секоја чест на луѓето кои почнале без ништо и стекнале милиони. На вистинските претприемачи кои навистина немале ништо и успеале“, е еден од коментарите.