Спасувачи трагаат по 39 лица кои исчезнале во морето кај Флорида откако се преврти помал брод. Засега е пронајден само еден преживеан патник.
Американската крајбрежнна стража соопшти дека се сомнева оти во случајов се криумчареле луѓе. За време на несреќата на бродот имало 40 лица. Еден од патниците е најден како се држи за остаток од пловилото на околу 72 килоемтри источно од Форт Пирс Инлет, пишува „Скај њус“.
Преживеаниот патник на спасувачите им кажал дека тргнале од Бимини на Бахамите во саботата доцна вечерта, заедно со уште 39 други луѓе. Рекол дека чамецот се превртил заради силното невреме и дека никој на себе немал појас за спасување.