Жариштето на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг, се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските државни медиуми го нарекоа „најголемата зараза од Вухан“, јави Би-Би-Си.
Според државните податоци, речиси 200 луѓе се заразени откако вирусот е откриен на градскиот аеродром на 20 јули. Сите летови од аеродромот во Нанџинг ќе бидат суспендирани до 11 август, пренесува Глобал тајмс.
Официјалните лица, исто така, започнаа масовно тестирање по критиките за нивниот „неуспех“.
Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги и оние кои дошле во посета на Нанџинг, ќе бидат тестирани, јави државната новинска агенција Синхуа.
МИА