Во Кина почна изградбата на репликата на „Титаник“ во природна големина, повеќе од сто години после потонувањето на најголемиот патнички брод во тоа време.
Се очекува бродот да биде завршен до крајот на 2018 година, после што ќе биде „закотвен“ во копнената кинеска провинција Сичуан.
Речиси 300 метри долгиот брод ќе го направи компанијата „Вучанг шипбилдинг индустри“.
Верната копија на бродот ќе има сала за ручавање, театар, луксузни кабини и базен.
Гостите ќе можат да вечераат и преноќат на бродот, но не ќе можат да пловат со него.
Бродот „Титаник“ потона во 1912 година откако удри во санта мраз.
Во несреќата загинаа повеќе од 1.500 лиѓе.
Кинескиот „Титаник“ ќе биде прва реплика во иста големина.
Режисерот Џејмс Камерон за снимање на филмот „Титаник“, многу популарен во Кина, направи реплика која беше 90 отсто од природната големина на потонатиот брод.