Кинески научници тврдат дека изолирале антитело кое може ефикасно да ги неутрализира сите видови на корона вирусот, повикувајќи се на лабораториски експерименти, но и оние на жив организам.
Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, сугерираат дека би можеле да имаат решение за пандемијата Ковид 19.
Авторите тврдат дека моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во истражување спроведено на жив организам, се покажало дека го неутрализира типот на ковид 19 без мутации, но и оние варијанти кои предизвикуваат загриженост.
Истражување на живи организми е спроведено на хуманизирани глувци.
Научниците, исто така, забележаа дека антителото делува на „многу мутирана“ делта варијанта, која е одговорна за смртоносните бранови на инфекција ширум светот, откако првпат се појави во Индија на почетокот на оваа година.