Една пензионерка врати книга која од библиотеката во својата гимназија на северот на Англија ја земала пред 63 години.
Среќа што таа институција не казнува за задоцнето враќање на книги, затоа што бабата ќе биде светски рекордер во плаќањето казна од таа врста, јави агенцијата Прес асосиејшен.
Досегашниот Гинисов рекорд за таква казна во САД го има наплатено јавната библотека во Илиноис, за книга која требало да биде вратена во април 1955 година.
Книгата ја вратила ќерката на лицето кое ја позајмило после 47 години и за „чувањето“ платила 345,14 долари.
Библиотеката во Англија навела дека би било добро да бидат вратени и други книги кои учениците од гимназијата, по игра на случајности, заборавиле да ги вратат.
Пензионерката, чие име не е соопштено, ја вратила книгата од Роберт Луис Стивенсон од 1929 година „Travels with a Donkey in the Cevennes“.