За последните 24 часа во Франција од корона вирус се заразија 13.630 луѓе, што е помалку отколку во изминатите седмици.
За еден ден од последици од ковид-19 починаа 53 лица.
На болничко лекување моментно се наоѓаат 11.092 лица, 311 повеќе од еден ден порано.
Од тоа, на реанимација се 2.276 лица, со 71 нов примен пациент.
Првата доза од вакцината ја примија 498,4 милиони луѓе, а втората 43,6, во земјата со 67 милиони жители.