На стотина штандови поставени на плоштадот во Крива Паланка денеска своите кулинарски вештини за подготовка на разни специјалитети и рецепти кои се пренесуваат со генерации ќе ги покажат домаќинки, угостители, пензионери од градот и регионот.
Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а жири комисија ќе ги оценува работите во три категории: најдобар вкус, декорација и автентичност.
Трите најуспешни во сите категотии ќе добијат парични награди