Кромидот потекнува од азискиот континент, на почетокот израснал како самониклива дива билка, но не за долго.
Многу брзо населението сватило дека тој овозможува многу доброчудни работи, не само во кујната туку и во лекување.
Уште во дамнешните времиња кромидот се преселил во градините и завземал свое место на списокот на најстари намирници и како природен лек.
Веројатно излишно е да се зборува дека тој е намирница без која многу популарни и вкусни јадења не би биле тоа што се.
Содржи многу корисни супстанции, а од лековитите материи најважни се алцините и гликозоидите.
Има антибактериско дејство, а во традиционалната медицина најчесто се препорачува за лекување на кашлицата.
Во случаи на настинка и воспаление на синусите се препорачува да се вдишува испарувањето на мирисот од свежо исечкан кромид.
Сигурно е дека тогаш и би заплакале, но, утешно е сознанието дека во тој момент ќе се ослободите од штетните микроорганизми кои настанле на зидовите на слузокожата.
Интересен е податокот дека кромидот содржи еден вид на билен хормон кој е сличен на инсулинот, заради што во одредена мерка може да врши регулација на шеќерот во крвта, па оттука тој е корисен и за дијабетичарите.
Содржи витамин Ц, Б1, Б2, Е, разни минаерали (железо, калциум, калиум…), а богат е и со фолна киселина, чие консумирање му дава енергија на организмот, помага и за подобро апсорбирање на витаминот Б12, при стрес и депресија и во борбата со многу болести на срцето, рак и Алцхајмеровата болест.
Позитивно влијае на зајакнување на организмот и имунитетот.
Ги чисти крвните садови, влијае на смалување на високиот крвен притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, ја поттикнува циркулацијата и сето ова заедно благотворно делува на здрвајето на срцето.
Позитивно влијае на органите за варење, ја поттикнува работата на жолчката, го јакне желудникот и цревата.
Кромидот делува и како диаретик (ја поттикнува исфрлањето на мокрачата), особено во комбинација со магдонос и целер.
Како и повеќето здрави намирници и кромидот е корисен за организмот доколку се конзумира во свеж облик.