Белгискиот голман Тибо Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2026 година.
„Ова ќе биде четврта сезона во клубот на моите соништа. Се надевам дека ќе бидам уште подобар отколку до сега“, изјави Куртоа, кој за викендов против Алавес го одигра 100-от натпревар за мадридскиот клуб.
Куртоа брани за „кралевите“ од 2018 година, кога го напушти Челси за 35 милиони евра.
(Фото: ЕПА)