Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, вчеравечер поднесе оставка. Тој во обраќањето до нацијата во живо рече дека најважна му е татковината.
„Мојата татковина, Австрија, е поважна од мене. Сега се потреби стабили услови. Затоа сакам да направам простор за да го решам застојот. Ќе бидам шеф на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија во парламетот“, рече Курц.
Новиот канцелар ќе биде Александар Шаленберг.
Дека Себастија Курц е под истрага заради сомневање за корупција, соопштија обвинителите на 6 октомври, после претресот во неколку миистерства и во канцеларијата на владеачката ОВП, на чие чело е. Покрај Курц, Обвинителството против корупција под истрага стави уште девет лица и три организации.
Курц е под истрага заради тврдењата дека државни пари од австриското Министерство за финанасии се употребени за коруптивни работи, за во таблоидните медиуми да се осигура позитивно известување за партијата на која тој е на чело, ојавија овинителите.
Зелените, сегашните коалициски партнери на Себастијан Курц, во петокот дадоа јасно до знаење дека продолжението на коалицијата со конзервативците би било возможно само без него, со оглед на сериозните обвинувања за корупција.
Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, се изјасни за случајот.
„Станува збор за сериозни обвинувања. Резултатот е слика која не е добра за демократијата“.
Патот на Курц кон врвот на Австриската народна партија, како што се наведува во обвинението, е поддржан и осигуран со „штелувани и разубавени“ анкети и купени извештаи од 2016 година.
Во средата јавни обвинители и полицајци ја претресуваше Сојузната канцеларија и седиштето на конзервативната Австриска народна партија. Пребаруваа податоци, мејлови и текстуални пораки од 2016 година, кога Курц беше министер за надворешни работи.
„Сакал со медиумска офанзива да ги подобри шансите за превземање на ‘новото’ ОВП и својот избор за канцелар на изборите во 2017 година. Курц со своите помагачи одлучил да финансира и покрене манипулирани анкети“, информираа од Овинителството за корупција во Виена.
Финансирањето го превзела компанијата „Фелнер Медиа Груп – Австрија“, но впрочем се финансира со државни пари по пат на оглас од Министерството за финансии, се наведува во обвинувањата.