Покрај криминалот и корупцијата, покрај клиентелизмот и патронажата, покрај злоупотребата на институциите и многуте зла што беа направени од страна на режимот, едно од најмоќните нивни средства на политичка борба беа и се уште се ЛАГИТЕ и МАНИПУЛАЦИИТЕ.
Ова е нешто што е недозволиво во една современа држава и демократско општество. Но тоа беше неопходно за режимот, однапред да се елиминираат сите точки на отпор, критика и незадоволство. За да се спречи каква било вест или јавен коментар против катастрофалното владеење на Никола Груевски, кој е и беше партија, држава, идеја, движење, пастир, братучед, преродбеник и што ли уште не… Све во едно!
Како им успеа со ЛАГИ и МАНИПУЛАЦИИ толку долго да го одржат системот?
Најпрвин ја убија јавноста. Ја елиминираа јавноста како концепт, како реланост и како место на кое или во кое се дебатира, се критикува и се натпреваруваат политичките опоненти. Тоа го направија со затворање на А1 и уште неколку печатени медиуми. Потоа, почнаа да ги купуваат или поткупуваат медиумите. Милиони евра се слееја на сметките на Сител, Канал 5 и други приватни медиуми. МРТВ беше окупирана со послучни апаратчици кои ги извршуваа наредбите на Никола Груевски и неговата камарила.
ЛАГИТЕ И МАНИПУЛАЦИИТЕ (ПРОПАГАНДАТА) ги пласираа истовремено. ЛАГИТЕ со Преродбата во 100 чекори, па проширена и надградена, па обидот за измена на идентитетската основа, па успесите, па големите ударнички победи со економските параметри, па дуинг бизнис. Се лага до лага. Ги имаа медиумите, имаа центар за смислување на ЛАГИ и фураа. 500 на саат. ПР-от преферираше наместо информирање и вести, единствено ПРОПАГАНДА. Еднострано 24 часовно информирање и постојано повторување. Сите ЛАГИ одеа 24/7 со што стануваа ПРОПАГАНДНА – алатка на режимот.
ПРОПАГАНДАТА беше единственото нешто што постоеше во јавниот простор. Немаше кој да возврати. Публиката им беше верна и ги гледаше „нивните“ телевизии. Таргет беше обичниот граѓанин од Македонија, пензионерите, домаќинките и земјоделците.
ЛАГИТЕ и ПРОПАГАНДАТА за да бидат ефективни и ефикасни ги врзуваа со една именка (категорија). Таа именка или категорија целосно ја оцрнуваа, ја дискредитираа и ја дисквалификуваа. Долго време тоа беше Бранко Црвенковски. Одбираат две три изјави или две три слаби точки и жестоко преку медиумите ги пласираат своите ЛАГИ и МАНИПУЛАЦИИ.
Потоа, на ред дојдоа СДСМ и новото раководство. Денес тоа е исклучиво Зоран Заев. Лидерот на СДСМ и опозицијата која има големи шанси да ја добие парламентарната изборна битка. Затоа што и граѓаните и сите прогресивни сили во општеството се на страната на опозицијата. Затоа што СДСМ има огромна поддршка од повеќето етнички заедници, особено од АЛбанците, на кои исто така им е преку глава од неуспешните политики на ДУИ.
Последните неколку месеци малку се променија условите во медиумскиот простор. Веднаш се намали ефектот од ЛАГИТЕ и ПРОПАГАНДАТА. Но се уште се обидуваат 24/7. Дури и по цена да се прекрши изборниот молк, ВМРО-ДПМНЕ излегува со прес конференции ПРОТИВ Зоран Заев. За нешто што наводно кажал, иако тоа се главно невистини. Ама затоа тука се ЛАГИТЕ и МАНИПУЛАЦИИТЕ. Еве веќе две недели главни точки на напад се наводно изјави од Зоран Заев за „двојазичноста“ и за „федерализацијата“ на Република Македонија.
Лага број 1 – Зоран Заев сака Република Македонија да ја направи „двојазична“
Зоран Заев ниту го кажал ова ниту кажал нешто слично. Поточно, никогаш не го употребил зборот двојазичност. Единствено зборува дека треба да зборуваме на јазикот кој го знаат мнозинството во која било ситуација. Јазиците и нивната употреба во Република Македонија се регулирани со Уставот и со Законот за употреба на јазици. Зоран Заев ниту нешто променил ниту нуди промена во оваа насока. Законот за употреба на јазиците е донесен од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ. Точно се знае кога и како може да се употребуваат јазиците. Тоа се однесува и за именувањата на инфраструктурни објекти.
Лага број 2 – Зоран Заев сака Република Македонија да ја „федерализира“
Зоран Заев ниту го кажал ова ниту кажал нешто слично. Поточно, никогаш не го употребил зборот федерализира. Единствено зборува дека треба да живееме заедно, дека треба да се почитуваме, да соработуваме. Независно кој од која заедница доаѓа. Зборува дека треба да градиме ЕДНО ОПШТЕСТВО, каде сите рамноправно ќе ги решаваме проблемите. Тоа се однесува единствено на унитарниот карактер на Република Македонија. Зборува дека треба да ги надминеме јазичните бариери и дека треба да ги бараме работите што не спојуваат.
Лага број 3 – Зоран Заев сака да го смени Рамковниот договор
Зоран Заев ниту го кажал ова ниту кажал нешто слично. Поточно, никогаш не рекол дека треба да се промени Рамковниот договор. РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ГО ПРОМЕНИ. Тој е дел од Уставот и многуте закони и е вграден во политичкиот систем на Република Македонија. Зоран Заев единствено зборува дека треба да се решаваат проблемите на граѓаните. Особено треба да се решаваат социјалните и економските проблеми на сите граѓани, дека треба да се подобруваат условите за живеење во секоја општина, дека независно кој каде живее граѓаните се тие што треба да одлучуваат за тоа што е потребно да се менува за да се подобри квалитетот на животот.
Во таа насока се и илјадниците членови Албанци во СДСМ, кои сакаат преку политичка борба и преку програмата на СДСМ да си ги остварат своите граѓански права во Арачиново, Чаир, Шуто Оризари… Сакаат да живеат подобро денес и овде! Во Македонија! Кој може да им забрани за кого да гласаат?
Коалицијата предводена од СДСМ и граѓаните на Македонија ќе победи на парламентарните избори што ќе се одржат на 11 декември. Затоа што ова се избори за ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!
Доста беа лаги и пропаганда! Сакаме живот!
Имаме #ПланЗаЖивотВоМакедонија
Петар Атанасов – член на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на Комисијата за образование