Откако полицијата денес крена тревога објавувајќи дека е затворен Центарот за посетители на Капитол хил поради безбедносни закани во зградата, наскоро се дознало дека тревогата била лажна.
Како што пренесува Ројтерс, полицијата повторно се огласи, наведувајќи дека во прашање била само вежба.
Центарот за посетители се наоѓа под Капитол хил во самиот центар на Вашингтон.