Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ајакс, Лион и Селта се пласираа во полуфиналето на Лига Европа, после драматичните реванш натпревари
Манчестер јунајтед, Селта, Ајакс и Лион вечерва изборија пласман во полуфиналето на Лига Европа.
Јунајтед помина дури после продолжението со победа против Андерлехт од 2:1, со головите на Хенрик Михтаријан во 10 и Маркус Рашфорд во 107 минута, додека единствен стрелец за Белгијанците беше Софијан Хани во 32 минута.
Голем проблем за екипата на Жозе Мурињо може да биде повредата на Златан Ибрахимовиќ, кој имаше непријатен доскок во самиот финиш од регуларниот дел, дури може за него и да заврши сезоната.
Селта после 3:2 во Виго ремизираше во Генк 1:1 и помина меѓу четирите најдобри во ова натпреварување, додека Ајакс после 2:0 дома, во реванш натпреварот загуби од Шалке со 3:2, после продолжетоци и помина понатаму.
Домаќинот имаше предност од 3:0 и играч повеќе, но и тоа не им беше доволно.
Бешикташ во Истанбул, после 90 минути игра го изедначи скорот на Лион од првиот натпревар 2:1, истиот резултат остана и после продолженијата, а одлуката падна дури после изведувањето на пеналите.
По „пенал рулетот“ славеа Французите со 7:6.
После по шест прецизни удари од 11 метри прв промаш српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, возврати од другата страна Кристоф Жале, за да после новото промашување на домашните преку хрватскиот интернационалец Матеј Митровиќ, капитенот на гостите Максим Гоналонс го одведе Лион во полуфиналето.
Извлекувањето за полуфиналето ќе се одржи денес во Нион во 13 часот.