Мегапопуларната актерка од бившите југословенски простори, Лидија Вукичевиќ, ќе настапи на сцената на Театар Комедија како главна женска улога во претставата ,,Чекајќи го министерот“.
Во оваа комедија играат и Милан Пајиќ и Семир Гигиќ.
Лидија ѝ е позната на целата јавност по многуте улоги од тв екраните. Претставата е закажана на 10 ноември (недела), со почеток во 20 часот на големата сцена во Театар Комедија.