Авганистанската војска го ликвидираше талибанскиот гувернер „од сенка’ во ослободеното подрачје Карух на западот на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Авганистан.
Медиумите јавуваат дека властите вовеле полициски час во 31 провинција.
„Ликвидирани се 20 Талибанци, вклучувајќи го и Мула Халим, талибанскиот гувернер ‘од сенка’, како и двајца команданти. Ранети се уште 50 лица“, се наведува во соопштението на Министерството на Твитер.
Како што јавува телевизијата „Толо њуз“, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, воведен е полициски час во 31 од вкупно 34 провинции за да се спречи движењето на Талибанците. Забраната за движење трае од 22.00 до 04.00 часот, а ограничувањето не се однесува само на провинциите Кабул, Панџшер и Нангархар.
Претходно претставикот на авганистанското Министерство за одбрана, Фавад Аман, соопшти дека владините сили го ослободиле подрачјето Карух во провинцијата Херат, на западот на земјата.