Комисијата за избори и именувања едногласно и без дискусија ја утврди листата со 47 пријавени кандидати за членови на Државната изборна комисија и му ја испрати на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Џафери сега, според процедурата, треба листата да им ја достави на партиите и тие да ги предложат своите членови. Потоа, Комисијата повторно ќе заседава и ќе ги констатира седумтте кандидати за членови на ДИК.
На крајот, на пленарна седница составот на ДИК треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство, според стариот модел на Изборниот законик.