Претседателот на ДИК Александар Даштевски на прес-конференција рече дека до 11 часот на гласање излегле 14,18 отсто, односно 160.035 гласачи.
Највисока излезност повторно има во Ранковце каде своето право на глас го искористиле 38,2 отсто од гласачите. Потоа следуваат Вевчани со 31,24, Демир Капија 30,14, Пехчево 28,44, Конче 26,74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73 проценти.
Општините каде има најмала излезност се оние каде преовладува албанското гласачко тело. Во Сарај излезноста е 5,19 и Боговиње со 6,8 проценти.
(Фото: МИА)