До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто, покажуваат последните ажурирани информации на официјалната страница на Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547.048 граѓани.
Право на глас на овие избори имаат 1.824.864 граѓани.
Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.
Од ДИК претходно најавија дека гласањето ќе биде продолжено во оние места каде што од техички причини имаше прекини, од кои најдолгиот беше од 2 часа и 55 минути.