Незадоволството на Ромелу Лукаку и потенцијалното заминување од Челзи ќе повлечат низа неочекувани потези на фудбалскиот пазар.
А, сето тоа, наводно, има врска со најдобриот српски напаѓач, Душан Влаховиќ, кој е на мета на многу големи европски клубови.
Имено, Лукаку неодамна ја критикуваше одлуката на тренерот на Челзи, Томас Тајхел, па тој реши да го исфрли од тимот на следниот натпревар.
Според пишувањето на италијанскиот весник „Газета дело спорт“, репрезентативецот на Белгија наскоро би можел да ја обнови соработката со Антонио Конте и да му се придружи во Тотенхем.
Под водство на Конте, Лукаку блескаше во Интер, со кој ја освои титулата во Серија А, а италијанскиот стручњак би сакал да го види во редовите на Тотенхем.
Тоа повторно ги покренува приказните за можна преселба на Хари Кејн од Тотенхем, а според италијанскиот печат, Манчестер Сити следното лето би можел да го комплетира трансферот на репрезентативецот на Англија, за кого беше загреан и пред стартот на актуелната сезона.
Доколку до овие трансфери и дефинитивно дојде, според „Газета“, тоа би го пренасочило Душан Влаховиќ кон Торино, во редовите на Јувентус, кој, исто така, очајно бара решение во нападот.
Тотенхем и Сити во последниве недели се споменуваа како сериозни кандидати за ангажман на напаѓачот на Фиорентина, но доколку ги завршат споменатите зделки со Лукаку, односно Кејн, јасно е дека овие клубови ќе испаднат од листата на потенцијални трансфер дестинации на Влаховиќ.
За потсетување, на поранешниот напаѓач на Партизан договорот со Фиорентина му истекува во летото, во 2023 година, па следниот летен преоден рок ќе биде последната вистинска можност за Фиорентина добро да заработи на неговиот трансфер.