Литванија прогласи вонредна состојба заради прилив на мигранти од Белорусија во последните неколку денови. Литванската министерка за внатрешни работи, Агне Билотаире, рече дека таа мерка не е воведена од безбедносни причини туку поефикасно да се управува со миграциите.
Литванската влада воведе вонредна состојба откако литванско-белоруската граница последните денови ја преминаа повеќе од 150 мигранти.
„Многу е важно да имате правен систем и инструменти за да можете многу брзо да донесете одлуки како одговор на нови предизвици“, рече таа.
Бројот на мигрантите кои се задржани на границата е три пати поголем од порано, соопштија литванските власти.
На снимките од надзорните камери на границата се гледа како луѓето ја прескокнуваат оградата и ја преминуваат границата.
Повеќето од тие мигранти претходно барале азил во Литванија, а меѓу нив има и Авганистанци, Камерунци, Ирачани и Сиријци.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека неговата земја ќе ги намали граничните контроли за мигрантите без документи, како одговор на санкциите кои Белорусија ги воведе кон Европската унија.