Лукот потекнува од Азија, а раширен е секаде низ светот. Од многу одамна се смета дека е лековит.
Лековитоста потекнува од стотината соединенија на сулфур кои се наоѓаат во него.
Во народната медицина лукот е неприкосновен. Луѓето велат дека помага во многу работи.
Поради докажаното позитивно дејствување на општата здравствена состојба, се препорачува секојдневно конзумирање.
Лукот го спречува згрутчувањето на крвта, групирањето на тромбоцитите на ѕидовите на артериите и со самото тоа спречува ризик од инфаркт, помага за работата на црниот дроб, го подигнува имунитетот, помага при респираторните проблеми, а велат дека помага и за решавање на проблемот со ќелавоста.
Тој има сличен биолошки маханизам како аспиринот, доведува до блокирање на супстанцијата тромбоксан, која го отежнува соединувањето на тромбоцитите, што е важен чекор во формирањето на тромб.
Сето тоа го знаеле и древните Египќани и редовно го џвакале сиров, што е сјајна идеја затоа што клучна состојка на оваа намирница е алицинот кој го губи поголемиот дел од своето дејство кога лукот термички ќе се обработи.
За да извлечете најповеќе од лукот, се препорачува да го иситните, да почекате 15-тина минути за да се активира алицинот, и после тоа да го изедете.
Ако ви пречи неговиот мирис, помешајте го со малку маслиново масло и магданос.
Многу луѓе лукот го ставаат и под перница, затоа што така наводно се подобрува квалитетот на сонот.
Некои, пак, го носат и во џеб, како амајлија која ќе ги сочува од лошата среќа.