Германската авиокомпанија Луфтханза денес ќе откаже 876 летови, од кои 51 се меѓународни, поради штрајк на пилотите.
Штрајкот на пилотите ќе погоди околу 100 илјади патници, се наведува во соопштението на германската авиокомпанија и се додава дека ќе бидат обезбедени повеќе од 2.210 летови на партнерите на Луфтханза, меѓу кои се компаниите Југовинс, Свис, Аустријан Ерлајнс и Брисел Ерлајнс.
Синдикатот на пилотите повика на 24-часовен штрајк барајќи зголемување на платите кои последен пат се покачени пред пет години.
Паралелно со тоа, летачкиот персонал на нискотарифниот авиопревозник Јуровингс стапи во вторникот во 15-часовен штрајк, поради што беа откажани десетина летови.