Гранати, ракетни лансери, панцирни елеци, автоматски пушки, пиштоли и поголема количина куршуми од различни калибри пронајдени се во предградие на Париз.
Како што пренесува АФП, извор од Јавното обвинителство рекол дека арсеналот оружје е пронајден во приватна гаража во шопинг центар во непосредна близина на железничка станица.
„Ништо не укажува на некаква врска со тероризам“, додал изворот.