Австриското Министерство за здравство соошти дека 11 нови држави се вклучени на листата безбедни земји поврзани со пандемија на Ковид-19, со што се овозможува полесно патување на нивните граѓани во Австрија.
Новата уредба на австриските власти стапува во сила утре (24 јуни).
Државјаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја но со себе мора да имаат потврда за вакцинација или негативен тест, или лекарско уверение дека прележале Ковид-19.
Покрај балкански држави, на листата безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.