Македонска црковно-државна делегација утрово имаше поклонение на гробот на свети Кирил во Рим.
Делегацијата, во која учествуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица, Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција, Стојан Витанов, и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова, присуствуваше на молебенот на гробот на св. Кирил во базиликата „Св. Климент“.
Со молебенот и поклонението чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на епископот Стобиски, г. Јаков, и свештеници на Европската епархија на Македонската православна црква.